на Керамезиском Пољу, у близини Солуна
у науци је прихваћен став да је реч о Прилепском Пољу, северном делу Пелагоније. Eво извода из Микулчићевог дела о утврђењима у БЈР Македонији:
Во некрополата „Млака” пред тврдината во Дебреште, Прилеп, откопани се гробови со наоди од
доцниот 7. и 8. век. Тие се делумно или целосно кремирани и не се ниту ромејски, ниту словенски.
Станува збор најверојатно, за
Кутригурите.
Ова протобугарско племе, под водство на Кубер, а како потчинето на аварскиот каган во Панонија,
околу 680 г. се одметнало од Аварите и тргнало кон Солун. Кубер ги повел со себе и
Сермесијаните, (околу 70.000 на број), во нивната стара татковина. Сермесијаните биле Ромеи,
жители на балканските провинции што Аварите ги заробиле еден век порано и ги населиле во
Западна Панонија, да работат за нив. На Кубер му била доверена управата врз нив.
По неколку победоносни судири со Аварите кои ги прогониле, Кубер со својот мешан народ
успеал да дојде во Македонија. Од властите во Солун измолил дозвола тие да се населат во
Прилепското Поле (Campus Kerameensis;Керамеиаи е античкото име за Прилеп). Властите од
Солун им наложиле на Драговичите, како на најблиски соседи, во прво време да ги помагаат
Сермесијаните во снабдувањето. [21]
Со населување на Сермесијаните-христијани и гркофони во опустените северномакедонски
простори, Византија планира да ја зајакне одбраната. Со нив се поврзува и обновата на Стобската епископија во доцниот 7. век, макар што градот Стоби цел еден век пред тоа бил целосно разурнат и оставен без жители. [22] Меѓутоа, Кубер го праќа својот шпион Маврос во Солун, да планира напад. Ова е откриено и Кутригурите
биле протерани од овие краишта. За натамошната судбина на Сермесијаните изворите молчат.
Археолошките наоди укажуваат дека Кубер тргнал кон граничниот северноепирски регион за да
се насели таму. Во Ерзеке близу Корча и во Врап кај Елбасан најдени се делови од неговата
благајна заробена во борбите против аварскиот каган. Два дела од ова фамозно богатство се
откопани уште на почетокот од нашиот век, а по третиот дел cѐ уште се трага.