Аутор Тема: Македонски Дијалекти  (Прочитано 1350 пута)

Ван мреже Dime Dimeski

  • Помоћник
  • ****
  • Поруке: 137
  • Autochthonous to Macedonia
Македонски Дијалекти
« послато: Април 05, 2026, 01:07:08 поподне »
Почитувани членови,

Целта на оваа тема е да создадеме место каде што сите Македонци, но и сите што имаат интерес за македонскиот јазик, ќе можат да ги споделат своите дијалекти – како звучат, што ги прави посебни и од каде потекнуваат. Идејата е секој да напише текст за својот крај на литературен македонски, а потоа истиот да го преработи на својот дијалект.

Важно е секоја реченица да биде врзана за местото од кое доаѓате – да се спомнат селото или градот, природата, начинот на живот, обичаите и историјата. Пишувајте едноставно и природно, како што би му раскажале на некој ваш.
Μακεδόνας

Ван мреже Dime Dimeski

  • Помоћник
  • ****
  • Поруке: 137
  • Autochthonous to Macedonia
Одг: Македонски Дијалекти
« Одговор #1 послато: Април 05, 2026, 01:07:44 поподне »
Напомена: Текстот подолу е напишан конкретно за моето село – Речани Челопечко, во регионот на Рабетинска Река, Кичевско.
Под него има место за мојот превод на дијалект.
Вие направете текст во истиот стил, но за вашиот крај.

Јас сум од селото Речани Челопечко, во кичевскиот крај, во долината на Рабетинска Река, мало село што денес е речиси празно, а порано било полно со живот.
Селото е сместено на падина над реката, со куќи блиску една до друга, затоа што луѓето живееле збиено и се држеле заедно.
Околу селото има плодна земја, ниви и ливади што се обработувале со генерации, и тоа било важен дел од животот.
Покрај земјоделството, селаните се занимавале со различни работи, повеќето семејства биле овчарски, и таа традиција ја донеле со себе од планинските, поизолирани краишта на југозападна Македонија.

Повеќето родови во селото се доселени од охридско, струшко и дебрчко.
Мојот род потекнува од селото Лактиње, кое се наоѓа во Дебрца, и од таму се преселиле во Речани во XIX век.
Тогаш селото било турски чифлик, па луѓето почнале од тежок живот, работејќи туѓа земја.
Со време се врзале за местото и го направиле свое, иако почетоците биле тешки.

Во селото најчесто се слави Св. Никола, што покажува заедничко потекло на многу семејства.
Нашето семејство ја слави Св. Ѓорѓија посна, и таа слава се одржува до денес.
На слави се собира роднината, се поставува трпеза и се почитуваат старите обичаи без да се менуваат.
Тогаш најубаво се слуша говорот, како што се зборувало од порано.

Говорот во селото е кичевски, но со силни влијанија од дебрчко, струшко и охридско.
Се користат кратки и јасни реченици, со свој ред на зборови и со посебен изговор.
Има зборови што се стари и не се користат насекаде, а некои се задржале само во вакви помали места.
Говорот кај постарите е поразличен и потежок, а кај помладите веќе има промени со користењето на србизми.

Селото во минатото било под бугарската егзархија, што имало влијание врз училиштето и црквата.
Но и покрај тоа, луѓето си го чувале својот говор и својата припадност.
Речани Челопечко било верен соработник на ВМРО, и голем дел од селаните биле вклучени во револуционерното движење.
Имало учесници во Илинденското востание, и тоа се памети како важен дел од историјата на селото.

Во тоа време имало и судири со Поречани, кои биле под друго влијание, па често доаѓало до конфликти.
Во 1907 година селото било запалено од српски чети, и речиси сите куќи биле уништени.
Останала само една куќа, најголемата, која селаните ја бранеле до крај и не ја дале.
Тоа се памети како пример за заедништво и отпор.

Подоцна, под српска власт, животот бил тежок, со многу притисоци.
Многу луѓе од селото оделе на печалба во Романија и Бугарија.
Печалбарството било начин да се преживее и да се помогне на семејството.

Во Втората светска војна селото било под бугарска окупација, а дел од луѓето се приклучиле на партизаните.
Меѓу нив бил и мојот дедо, кој учествувал во борбата за ослободување.
По војната дошло ново време, но не се исполниле сите очекувања.

Луѓето од овој крај припаѓаат на Брсјаците, што се гледа и во говорот и во начинот на живот.
Тоа се луѓе што се издржливи, отворени и поврзани со земјата и со своето потекло.

Иако денес селото има малку жители, врската со него останува.
Секој што потекнува од тука го носи селото во себе.
Кога ќе се вратиме, веднаш почнуваме да зборуваме поинаку, како што сме слушале од старите.

Затоа, дијалектот од Речани Челопечко не е само говор, туку е дел од тоа кои сме и од каде доаѓаме.
Преку него се чува споменот за селото, за луѓето и за минатото.
Μακεδόνας

Ван мреже Dime Dimeski

  • Помоћник
  • ****
  • Поруке: 137
  • Autochthonous to Macedonia
Одг: Македонски Дијалекти
« Одговор #2 послато: Април 05, 2026, 01:08:05 поподне »
Мој превод на дијалектот:

Ја су от селото Речани Челопечко, в'кичевскиот крај, во долината на Рабетинска Река, мало село што(шчо) денеска е речиси празно, а порано било п'лно со жиот.
Селото наојѓат на стрмнината нат реката, со кујќи блиску една до друга, оти лујѓето живејле блиску и се држеле заедно.
Околу селото имат плодна ѕемна, нивје и ливаѓе што(шчо) се обработујле со генераци, и то било важен дел от жиотот.
Покрај земјоделството, селаните работеле различни рабојќе, појќето фамили биле овчарски, и та традиција(адет) е донеле со себе од планинските, скриени краишта(краишча) на југозападна Македонија.

Појќето родој во селото се дојни от охрицко, струшко и дебрчко.
Мојот род потекнујт(потекнојт, потекнует) от селото Лактијне, кое се наоѓат в'Дебрца, и от таму дојле в'Речани во XIX век.
Тогај селото било турски чифлик, па лујѓето почнале от тежок жиот, работејќи тујѓа ѕемна.
Со време се врзале за местото и го напрајле своо, ако почетоците биле тешки.

В'селото најмногу се славет(славит) Св. Никола, што(шчо) покажујт(покажојт, покажует) заедничко потекло на многу фамили.
Нашата фамилиа е славет(славит) Св. Ѓорѓија посна, и та слава се одржујт(одржојт, одржует) до денеска.
На слави се собират роднината, се поставујт(поставојт, поставует) трпеза и се почитоот старите адети без да се меноот.
Тогај најубо се слушат гоорот, ко што(шчо) се зборујло(зборојло, лафело) от порано.

Гоорот во селото е кически, но со силни влијаниа од дебрчко, струшко и охрицко.
Се користат кратки и јасни реченици, со свој ред на зборој и со посебен изгоор.
Имат зборој што(шчо) се стари и не се користат сегде, а некој се задржале само во вакви помали места.
Гоорот кај постарите е поразличен и потежок, а кај помладите вејќе имат промени со користејнето на српски зборој(србизми).

Селото во минатото било пот бугарската егзархија, што(шчо) имало влијание врз чколиата и црквата.
Но и покрај то, лујѓето си го чуале својот гоор и својта(своота) припадност.
Речани Челопечко било верен соработник на ВМРО, и голем дел от селаните биле вклучени во револуционерното движејне.
Имало учесници во Илигденското востание, и то се памтет(памтит) како важен дел от историјата на селото.

Во то време имало и судири со Поречани, кои биле пот друго влијание, па често доајѓало до конфликти.
Во 1907 година селото било запалено от српски чети, и речиси сите кујќи биле пепел напрајни.
Останала само една кујќа, најголемата, која(коо) селаните е бранеле до крај и не е дале.
То се памтет(памтит) ко пример за заедништво и отпор.

Подоцна, пот српска влас, жиотот бил тежок, со многу притисоци.
Многу лујѓе от селото ојле на печалба в'Романија и Бугарија.
Печалбарството било начин да се преживејт и да се помогнет(помогнит) на фамилиата.

Во Втората светска војна селото било пот бугарска окупација, а дел от лујѓето се приклучиле на партизаните.
Мејѓу нив бил и мојот дедо, кој учествујл(учествојл) во борбата за ослободујне.
По војната дошло ново време, но не се исп'лниле сите очекујна.

Лујѓето от овој крај припајѓат на Брсјаците, што(шчо) се гледет(гледат) и во гоорот и во начинот на живејне.
То се лујѓе што(шчо) се издржлии, отворени и поврзани со ѕемната и со својто(своото) потекло.

Ако денес селото имат малку жители, врската со него останујт(останојт, останует).
Секој што(шчо) потекнујт(потекнојт, потекнует) от тука го носет(носит) селото во себе.
Коа ќе(ке) се вратиме, одма почнујме(почнојме) да зборујме(зброројме, лафиме) поинаку, како што(шчо) сне слушале од старите.

Зато, дијалектот от Речани Челопечко не е само гоор, туку е дел от то кој сне и от кај дојдовне.
Преку него се чуват споменот за селото, за лујѓето и за минатото.
Μακεδόνας

Ван мреже Dime Dimeski

  • Помоћник
  • ****
  • Поруке: 137
  • Autochthonous to Macedonia
Одг: Македонски Дијалекти
« Одговор #3 послато: Април 05, 2026, 01:08:35 поподне »
Ве повикувам сите да направите ваков текст за вашиот крај, со што повеќе конкретни работи.
Потоа преведете го на вашиот дијалект и споделете го.

Добредојдени се и луѓе што не се од Македонија, ако имаат интерес за македонскиот јазик и дијалектите.
Μακεδόνας

Ван мреже Dime Dimeski

  • Помоћник
  • ****
  • Поруке: 137
  • Autochthonous to Macedonia
Одг: Македонски Дијалекти
« Одговор #4 послато: Април 05, 2026, 02:44:27 поподне »
Дополнителен дел: Лексички примери за превод на дијалект (проверени основни зборови)

За овој дел избрав зборови и фрази што се основни и сигурно се користат во секојдневниот говор во кичевскиот регион, вклучително и во селото Речани Челопечко.

Ова се зборови и фрази што секој ги знае и ги користи, но токму кај нив најчесто се гледаат разликите во изговорот, формата или акцентот во дијалектот.

Господ – Госпот
Богородица – Богоројца
Јован – Јон
Георгија – Ѓорѓија
Понеделник – Понеделник
Вторник – Торник
Среда – Стреда
Четврток – Четврток
Петок – Петок
Сабота – Сабота
Недела – Недела
Ден – Ден
Ноќ – Нојќ(Нојк)
Утро – Сабајле
Вечер – Вечер
Сега – Сее
Утре – Утре
Вчера – Фчера
Леб – Леп
Вода – Вода(Војца)
Сол – С'л
Сирење – Сирејне
Млеко – Млеко
Јајце – Јајце
Месо – Месо
Компир – Компир
Кромид – Кромит
Лук – Лук
Пиперка – Пиперка
Домат – Патлиџан(Патлижан)
Краставица – Крастајца
Грав – Граф
Зелка – Зелка
Јаболко – Јаб'лко
Круша – Круша
Слива – Слива
Цреша – Црешна
Праска – Праска
Грозје – Грозје
Јагода – Јаготка
Портокал – Портокал
Роза – Трендафил
Куќа – Кујќа
Врата – Врата
Прозорец – Пенџере
Двор – Двор
Оган – Огон
Дрво – Дрво
Човек – Чојк(Чоек)
Невеста – Неста
Жена – Жена
Дете – Дете
Дечиња – Дечина
Маж – Маж
Син – Син
Ќерка – Ќерка
Татко – Татко
Мајка – Мајка
Дедо – Дедо
Баба – Баба
Рака/Раце – Рака/Раце
Нога/Нозе – Нога/Ноѕе
Глава – Гла(Црпка)
Око – Око
Уво – Уше
Уста – Муцка
Усни – Рилки
Оди – Ојт
Доаѓа – Идет(Идит)
Седи – Седет(Седит)
Станува – Станујт(Станојт)
Јаде – Јајт
Пие – Пиет
Спие – Спиет
Брзо – Брзо
Полека – Покроце
Задоцни – Се забај
Добро – Добро
Лошо – Лошо
Многу – Многу
Малку – Малку
Голем – Голем
Мал – Мал
Стар – Стар
Млад – Млад
Добар – Добар
Лош – Лош
Таму – Таму
Тука – Тука
Каде – Каде
Кога – Кога(ко, коа)
Како – Како
Да – Да
Не – Не
Дај – Дај
Земи – Земи
Остави – Остај
Село – Село
Планина – Планина
Река – Река
Нива – Нива
Ливада – Ливада
Говедо – Гојдо
Овца – Офца
Коњ – Којн
Крава – Крава
Куче – Куче
Мачка – Мачка
Пат – Пат
Камен – Камен
Земја – Ѕемна
Небо – Небо
Сонце – С'нце
Дожд – Д'жд
Мрзлив – Дембел
Бегај – Сиктер
Добар ден – Арен ден
Добар сум – Арен(Убав) су
Добри да сте – Аир да имате
Дај Боже – Ќешки
Благодарение на Господа – Сполај му на Господа
Ќе одиме – Ќ'ојме
Тие дојдоа – Тие дојдоо
Бевме јаделе – Бевне јајле(јале)
Појдоа во град – Појдоо в'град
Им се спиеше – Им се спијаше
Ги фати тато – И фате тате
Вчера поминавме до Неделковата куќа – Фчера поминавне до Неделкоота кујќа
Тоа девојче е многу убаво – То дејче(момиче) е многу убо
Μακεδόνας

Ван мреже Dime Dimeski

  • Помоћник
  • ****
  • Поруке: 137
  • Autochthonous to Macedonia
Одг: Македонски Дијалекти
« Одговор #5 послато: Април 05, 2026, 03:30:11 поподне »
Градина – Бафча
Продавница – Дуќан
Тврдоглав – Инајџија
Професија – Занат
Недостаток – Мана
Се надевам – Белким
Зошто – Оти
Многу – Ептен
Штета – Зијан
Гледање – Сеир
Непријател – Душман
Изобилство – Бериќет
Завет – Аманет
Вршник – Сач
Спроти – Карши
Мака – Зорт
Чесен – Еснаф
Час – Сат
Вештина – Марифет
Среќа – Срејќа (К'смет)
Штета – Зулум
Решение – Чаре
Вест – Абер
Намера – Ниет
Соба – Одаја
Чад – Дим
Жештина – Горештина
Воденица – Водејнца
Товар – Тоор
Кафе – Каве
Чај – Чај
Лубеница – Бостан(Лубејнца)
Лимон – Лимон
Тавче – Тавче
Печење – Печејне
Топло – Топло
Студено – Студено
Чорапи – Чорапи(Калци)
Чевли – Кондури
Влечки – Пантофки
Капут – Капут
Кошула – Кошула
Панталони – Панталони
Фустан – Фустан
Шапка – Капа(Шапка)
Ракавици – Ракајци
Масло – Масло
Сирење – Сирејне
Јогурт – Јогурт
Печиво – Печио
Колаче – Колаче
Стол – Стол
Маса – Трпеза(Маса)
Кревет – Кревет
Крпа – Крпа(Риза)
Перница – Перница
Ќебе – Ќебе(Дифтик)
Завеса – Завеса
Ламба – Ламба
Книга – Лектира(книга, дефтер)
Пенкало – Пенкало
Хартија – Артија
Цртеж – Цртеж
Табла – Табла
Писмо – Пусулче
Глушец – Глушец
Вол – В'л
Волк – В'лк
Коза – Коза
Сено – Сено
Ветар – Ветар
Снег – Снег
Мраз – Мраз
Ладење – Ладејне
Ракопис – Ракопис
Писател – Писател
Школо – Чколиа
Наставник – Даскал
Ученик – Ученик
Учебник – Учебник
Готвење – Готвејне
Миење – Миејне
Чистење – Чистејне
Миење садови – Миејне садој
Пеглање – Пеглајне
Перење – Перејне
Скривање – Скривајне
Лов – Лов
Планини – Планијни
Извор – Извор
Бунар – Бунар
Песок – Песок
Играчка – Кукла(Играчка)
Топка – Топка
Жица – Жица
Песна – Песна
Танц – Танц
Свирка – Свирка
Инструмент – Инструмент
Гитара – Гитара
Лек – Илјач
Болка – Б'лка
Ветеринар – Ветеринар
Доктор – Еќим(Еким)
Гледа – Пули
Дојди овде – Елај ваму
Дај му го на Панајот – Дај му о на Панајота
Викнете го Петрафил – Викнете о Петрафила
Симеоновата жена те викаше – Те викаше Симеонојца
« Последња измена: Април 05, 2026, 03:43:50 поподне Dime Dimeski »
Μακεδόνας

Ван мреже SerbianVojvoda

  • Гост
  • *
  • Поруке: 2
Одг: Македонски Дијалекти
« Одговор #6 послато: Април 21, 2026, 03:28:44 поподне »
Поздрав!

Иако сум Србин, во последните години многу почна да ме интересира Македонски јазик и неговите дијалекти. Имам големо искуство во дијалектологија на Српски јазик и сакам да моето искуство проширим со познавање на вашите дијалекти. Текстов што си го поставил тука е еден од најдобри примери на Кичевскиот говор што сум ги видел. Имам еден друг од Тетово што знае многу убаво да зборува на Тетовски, и кје го прашам да ми напиша оваков текст за неговото село. Според литературен Македонски, убаво зборувам и Кумановски, па кога најдем време кје напишам и јас еден текст на Кумановски.

(Прости ми ако направив некоја грешка во пишување, бидејкји дека Македонски го научив сам преку песни, интернет форуми и муабети со Македонски лугје на интернет)

Ван мреже Dime Dimeski

  • Помоћник
  • ****
  • Поруке: 137
  • Autochthonous to Macedonia
Одг: Македонски Дијалекти
« Одговор #7 послато: Април 23, 2026, 08:42:34 поподне »
Поздрав!

Ти благодарам што се интересираш, македонскиот јазик е многу богат со разноразни дијалекти и добро би било да се зачуваат, затоа што младите се повеќе го изменуваат начинот на говор кој го користеле нашите предци. И нема потреба да се извинуваш, македонскиот јазик ти е добар, на крајот на денот тоа не е лесен јазик. Јас имам најголемо искуство со дијалектите од југозападна Македонија, а со другите не толку многу, па ќе биде интересно да видам какви говорни карактеристики имаат во тетовскиот и кумановскиот регион.
Μακεδόνας